Анализа на потреби од вештини на пазарот на трудот
Истражувањето за Анализа на потребите од вештини на пазарот на трудот, обезбедува одредени краткорочни показатели за очекувањата на работодавачите во однос на новите вработувања  и потребите од вештини со кои треба да располагаат лицата, како истите би можеле да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Целта  на истражување е да се зголемат сознанијата за состојбите и очекуваните промени на пазарот на трудот, преку добивање на информации од работодавачите за
• потребите од нови вработувања во наредните 6 до 12 месеци;
• потребите од занимања, на планираните нови вработувања;
• потребите од вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања;
• потребите од работници со одредени занимања, за кои работодавачите  почуствувале недостаток при пополнување на слободните работни места.
Сознанијата добиени  од анкетното истражување  за Анализа на потребите од вештини,  представуваат основа за креирање на активни програми и мерки  за подготовката за вработување, кои имаат за цел  подигање на вештините на невработените лица, заради зголемување на нивната конкуретност на пазарот на трудот и побрзо вработување. Исто така, сознанијата добиени од анкетното истражување, претставуваат и основа  за  подготовка на локални акциони планови за вработување, а истите можат да послужат и при конципирање на уписната политика, при креирањето на нови образовни програми за занимања  усогласени со потребите на пазарот на трудот.
Истражувањето придонесува и за зголемување на соработката и довербата меѓу работодавачите и Агенцијата за вработување.
Анкетното истражување за Анализа на потребите од вештини на пазарот на трудот  базира на примерок од работодавачи (деловни субјекти) од приватниот сектор со седум и повеќе вработени. Јавниот сектор не е вклучен во истражувањето. Примерокот за анкетното истражување е случајно избран  примерок, а нивото на сигнификантност на резултатите е поставено на 70%..
Анкетата се реализира преку посета на работодавачите, интервју  и пополнување на прашалник, а на територијата на Град Скопје, анкетата се спроведува комбинирано, однсно, посета и  телефонско интервју со работодавачите...


Резултати од спроведеното истражување за Анализата за потреби од вештини на пазарот на трудот за периодот 2015-2016 година