ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ЛИЦЕ КОЕ ВРШИ ДЕЈНОСТ ИЛИ ПОСЕДУВА ДОЗВОЛА ЗА СОБИРАЊЕ И/ИЛИ ТРАНСПОРТИРАЊЕ ПРЕРАБОТКА, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ОТПАД

Агенција за вработување на Република Македонија, врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост (“Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15,  153/15, 190/16 и и 21/18) и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад Бр.44-8163/1-17 од 30.01.2018 година, донесена од Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“  бр.21/2018), објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија