„Поддршка на вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени II“ е проект финансиран од Европската Унија. Целта на Проектот е подобрување на можностите за вработување на невработените млади луѓе, долгорочно невработените и жените преку зголемување на нивните способности (знаење, вештини и однесување). Проектот ги поддржува следниве активни мерки на пазарот на трудот (компоненти на проектот: Практични обуки за невработени лица; Обуки за општи вештини; Обуки за вештини побарувани на пазарот на трудот). Краен рок за имплементација на проектот е 28.2.2017 година. Официјален јазик на Проектот e англискиот јазик. Позицијата наведена подолу е за полно работно време. 


АВРМ објавува оглас за следното работно место за потребите на Проектот „ Поддршка на вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени II“ Службеник во Центар за вработување-Велес 


APRM-ja boton shpallje për vendin e lirë të punës Për nevojat e projektit “Mbështetja për punësimin e të rinjve, të papunëve afatgjatë dhe të grave II” Nëpunës në Qendrën e punësimit - Veles