РАКОВОДЕЊЕ

Со Агенцијата раководи директор, кој ја организира и раководи работата, самостојно донесува одлуки од делокругот на неговата надлежност, ја застапува и претставува Агенцијата пред трети лица и е одговорен за законитоста на нејзината работа.
Директорот на Агенцијата има заменик.

Директорот и заменикот на директорот ги именува и разрешува Владата на Република Македонија на предлог на министерот надлежен за работите на трудот.
Мандатот трае четири години, со можност за повторен избор.