Почитувани,

Ве информираме дека на 15.08.2017 година со почеток во 11:00 часот во просторитте на ЕУ инфо центарот ќе се одржи информативна средба со млади лица.

Целта на овој настан е промоција на активните мерки и услуги кои Агенцијата за вработување на РМ ги нуди во рамките на Проектот „Поддршка за вработување на млади“ финансиран од ЕУ. Целта на овој проект е да ги зголеми можностите за вработување на младите лица до 29 години преки зголемување на нивните компетенции.

Ве очекуваме, придружете ни се!